Создавање и први чекори на Т.А.Скаут Скопје

Нашата агенција е основана во 1999 година под името ТА СКАУТ. Во тоа време агенцијата бележи значителен раст во сите области и аспекти, проширува содржини и го унапредува квалитетот на своите понуди.

ТА СКАУТ од создавањето е организирана и функционална како семејна компанија, што во оваа област на работење потврдува извонредно значителни предности кои допринесуваат за нашата успешност.

Организирана, Отворена, Флексибилна

ТА СКАУТ е организирана и работно поставена како отворена, флексибилна и развојна во работниот систем во областа на туризмот.

Основната работна развојна стратегија се одликува врз основа на искуствата на модерниот европски и светски туризам, кој ги следи потребите на современиот човек да ја сочува и развива својата работна способност да го запознае светот околу себе, други земји, народи и луѓе, неговите обичаи, вредности и начин на живеење.

ТА СКАУТ организира:

Летување, зимување, ескурзии, туристички патувања...

Високиот квалитет на услуга, брзина и ефикасност ги оправдува и Лиценцата А која нашата компанија ја поседува.

ostrov